Врнежи од дожд и снег, температура до 4 степени

Во Скопје денеска ќе биде облачно и студено со повремен дожд и снег, што кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во посилен снег. Минималната температура ќе биде околу нула, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во останатите подрачја на Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот од земјава врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и во северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9  Целзиусови степени.

Утре и во среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. До петок ќе се задржи студено, а утринските температури ќе бидат најниски во среда и четврток.

Претходна вестДенеска во УНЕСКО во Париз се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески
Следна вестСнегот прави проблеми: Експлозија во трафо-станица, дрвја паѓаа врз автомобили…