Нов тетараски проект за „Работи за кои не зборуваме“

„Работи за кои не збориме“ е насловот на театарскиот проект што се подготвува од страна на „Wonderland Theatre”. Се работи за претстави во кои актерите ќе ги раскажат своите лични приказни но и на оние од публиката. За таа цел повикани се сите заинтересирани да ги споделат своите приказни кои би можеле да бидат инспирација за проектот.

– Болка, траума, срам, осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажна насмевка, крварење, изгубен апетит, брзо возење, тресење под јорган, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под наочари, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во момент од животот… Вашите сведоштва/приказни ќе бидат инспирација за нашата театарска претстава, а анонимноста ќе ви биде зачувана. Театарот нѐ тера да погледнеме длабоко во себе и да го соочиме општеството со неговата искривена слика. Преку претставата сакаме да им дадеме глас и лице на работите за кои не зборуваме и да мотивираме разговор и промена во општеството. Секоја приказна заслужува да биде раскажана, секоја стега отклучена и секоја неправда посочена, велат од „Wonderland Theatre”.

Личните приказни можат да се споделат на следниве линкови:

https://www.wonderlandtheatre.org/raboti-za-koi-ne-zboruvame

https://www.wonderlandtheatre.org/gjera-per-te-cilat-nuk-flasim

Проектот е финансиран од страна на Швајцарска амбасада, со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар.

Претходна вестИвановска: Потребен е референдум за да се види сакаат ли граѓаните облакодери кај ГТЦ
Следна вестДо кога Царовска ќе ги заобиколува мислењата на научно – образовната фела?