Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за тешки дела против општата сигурност и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, поради тоа што на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, запалил паркиран автомобил „ауди“.
Притоа тој употребил бензин и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се разгорелбиле зафатени и други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило „форд мондео“.
Материјална штета што е предизвикана е проценета на 348.088 денари на сопственикот на целосно изгореното „ауди“, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил „форд мондео“.
При претрес во домот на обвинетиот, на 5 февруари во село Варава, бил пронајден полуавтоматски пиштол, два куршума во рамка и уште 54 други куршуми.
Надлежниот јавен обвинител предложил на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на пасошот и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените.