Распишан е конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година, од страна на Општина Велес. Се наградуваат прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации, ланската и оваа.
Право на учество на имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.
-Делата се доставуваат во три примероци на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година.
Делата треба да се достават на оваа адреса најдоцна до 25 мај 2021 година.