Темен режим Режим на светлина

Попладневното сонце ќе ја искачи температурата до 21 степен

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Во Скопје наутро со услови за повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во останати подрачја во Mакедонија ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Отворен е конкурсот „Рациново признание“ за 2021 година

Следна објава

Ќе најде ли Заев правен основ за да му напише отказ на Пауновски?