Пронајден човечки труп во Вардар. Имено, во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп. Веднаш по неговото пронаоѓање тој бил извлечен од реката.
Веднаш бил извршен увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.