Бројот на активни случаи опадна на 3.833 лица, 112 новозаразени, 13 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 30 новозаразени, Куманово 13, Кичево 8, Битола 7, Радовиш 6, Охрид 5…

-Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г), се наведува во информацијата.

Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од: Скопје 924, Куманово 189, Битола 166, -Прилеп 137, Тетово 97….

Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.

Претходна вестВо Аеродром во фонтаните наместо вода ќе „течат“ цвеќиња
Следна вестДве лица повредени во пожар во куќа во Скопје