Во Аеродром во фонтаните наместо вода ќе „течат“ цвеќиња

977

Општина Аеродром веќе нема да одвојува средства за скапото одржување на фонтаните туку ќе ги ги претвора во цветни граидни. Денеска беше претставена прва таква фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ која е насадена со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.

-Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци, изјави градоначалникот Златко Марин.

Претходна вестРеконструиран првиот дел од улицата „Орце Николов“
Следна вестБројот на активни случаи опадна на 3.833 лица, 112 новозаразени, 13 починати од Ковид-19