„Од оркестарот за публиката” – Опера без зборови, е насловот на концертот со кој вечерва во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021″.
Диригенти на отворањето се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а од МОБ најавуваат дека се ќе тече според протоколите за заштита од ковид 19.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, а билетите се во ограничен број.