Дали може да се одложи почетокот на учебната година? Министерот за здравство Венко Филипче не вели ниту да ниту не, туку дипломатски одговара: Почетокот на школската година ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. Но, она што може да се каже дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и дека сите сценарија за почетокот на школската година се спремни.
Тој не можеше да каже каков е одѕивот за вакцинација кај наставниците и најави дека со таков податок може да излезат откако ќе се направи проценката за две недели.
На крајот на минатиот месец министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека МОН има подготвено три сценарија:
Првото е целосно отворање на училиштата, согласно здравствените протоколи, да може сите ученици да седнат во своите клупи, за сите одделенија и сите години, второто е онлајн настава како и штотукузавршената година и третото е наизменично физичка настава и онлајн.
Во меѓувреме објавени се и протоколите за одвивање на наставата во училиштата.
Минатата учебна година започна со еден месец одложување, односно на 1 октомври, бидејќи беа потребни законски измени за вметнување на онлајн наставата во законот и за тестирање на националната платформа за учење на далечина.