13 нови заразени од Тетово и Скопје, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирање, а регистрирани се 13 нови случаи на ковид-19:  Тетово – 7, Скопје – 6.

Нема починати и само еден е регистриран како оздравен.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172, од кои 64 во Скопје.

Во 19 града нема активни случаи.

Претходна вест„Смртта на Дантон“ вечерва на „Скопско лето“
Следна вестНад 200 килограми расипана храна откриена во објекти во Охрид и Дојран