Македонија прокоцка водство од 2-0, и одигра нерешено со Исланд

Македонија имаше и водство од 2-0 и тотална доминација на теренот, но во последните 15 минути следуваше неверојатен пад на нашата селекција, Исланд ни даде два гола и израмни на 2-2.

Македонија загуби два бода од гостувањето кај Исланд кои можат да бидат клучни за конечниот пласман на табелата. Впечатокот ќе беше позитивен доколку не беше несфатливиот пад во финишот од мечот.Нашата репрезентација поведе уште во 12. минута кога по центаршут на Алиоски од корнер, Дарко Велковски погоди со глава за предност на Македонија од 1-0.Исланд во првиот дел имаше само еден шут, во првата минута, кој не беше прецизен.По девет минути игра во второто полувреме Алиоски со прецизен шут од далечина донесе водство од 2-0.

Македонија играше, Исланд беше немоќен. Следната нивна закана беше во 64. минута кога Арнасон даде гол, но му беше поништен поради офсајд.
Во 78. минута шут на Гудмундсон од слободен удар, Димитриевски ја одби топката, а прв до неа натрча Бјарнасон кој реализираше за 1-2.Веќе во следната минута пропуштивме да ја вратиме предноста од два разлика, Трајковски ја погоди стативата.
Во 84. минута нововлезениот Гудјонсен со својот прв допир со топката израмни на 2-2.
Во судиското продолжение имавме голема шанса преку Чурлинов кој биеше со глава, го совлада противничкиот голман, но еден од фудбалерите на Исланд ја изби топката од гол линијата. По корнерот се обиде и Јаховиќ со глава, но неговиот удар заврши крај голот.Можеме да жалиме за резултатот од овој натпревар, наместо лесна победа, останавме без два бода. Очекувавме две победи против Ерменија и Исланд, освоивме само два бода.
Претходна вестМакедонските одбојкари со трет пораз на ЕП
Следна вестСме во кампања или не сме?! Кандидатите како во цут на предизборието