„Северен пол“, кусиот филм на Марија Апчевска е вечерва на репертоарот на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Проекцијата е планирана за 18 часот, а локацијата е секако Центарот за култура во Битола.
„Северен пол“ стана звучен откако медиумите ја објавија информацијата дека ова е првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал.
Филмот е во продукција на „Кино око“ и е трет по ред на Апчевска, после „Бардо“ (2012) и „Амби“ (2017).