Државната изборна комисија вечерва на јавна седница го заклучи избирачкиот список за локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Право на глас ќе имаат 1.824.864 граѓани. Од нив, во изводите од избирачкиот список се запишани 1.740.147 гласачи.
Правото на својот глас на избори од странство ќе можат да го остварат 82.461 гласачи колку што се запишани во посебниот извод од гласачкиот список.
На јавната седница беше утврден и изгледот на гласачкото ливче.