На Скопје му недостасуваат капитални инвестиции во интерес на сите нас

Нашиот познат ракометен стручњак Љубомир Савевски е свесен дека метрополата уште повеќе ќе расте, но и дека градот треба да се прави пофункционален…

Кога ќе кажете Скопје, кои мисли и слики Ви се појавуваат?

 Скопско Скопје, каде и да излезеш ќе се сретнеш со десетици пријателиОтворен поглед кон Водно и скопското Кале (се повеќе градби ги покриваат и нагрдуваат)… скопските плажи на Вардар и Треска… корзото кај Кенан, Грација и Ванила. Излегуват слики од мојата фамилија, од првите детски денови во Пајко маало, ракометниот почеток во основното училиште 11  Октомври….гимназијата Корчагин… Правниот факултет…. и сето тоа во радиус од 1 километар.

Кое Скопје го сакате повеќе: Ова сега или тоа од порано?

 Скопје е секогаш убавоИ старо Скопје ( Скопје на нашата младост, со калдрмските улици и маалскиот живот….корзото…првите прошетки во паркот…градските кафеаниИ новото Скопје (Скопје на нашата зрелост, со големите булевари…мноштвото на трговски центри…стотици кафулиња и кафеани…мноштво на културни зданија и збиднувањасообраќаен и архитектонски хаос. Мене посебно ми е убаво во почетокот на седумдесетите, поточно од август 1971 кога станав цлен на РК „Вардар и секојдневото одење на тренинг на нас неколкумина играчи од населбата Пролет по кејот…

Скопје и скопјани даваат и плаќаат, но дали институциите и градоначалниците доволно му даваат на градот?

 Скоро сите градоначалници се од некоја политичка партија. Нивна задача е да не убедат дека правилно ги користат нашите пари. Не сум секогаш сигурен дека сите градоначалници тоа и го прават. Недостасуваат капитални инвестиции  во интерес на сите нас. Кога живеев и играв во Париз, памтам дека ми кажуваа дека секој градоначалник се труди максимално, да изгради нешто по што вечно ќе го паметат. Мислам по нешто добро, корисноубаво.

Дали Вие доволно му дадовте на градот?

Деновиве се навршуваат 50 години од мојата прва регистрација за РК Вардар. Сум бил играч и тренер на скоро сите скопски клубови, но секогаш може и треба да се стремиме да дадеме повеќе за градот каде сме родени. Додека бев селектор на машката репрезентација сакав да иницирам идеја за фестивал на ракометот. Тоа го доживеав во Франција кога во еден огромен парк имаше десетина игралишта и стотици екипи кои играа меѓу себе по 10 минути и секоја пауза се гостеа со разни специјалитети и пијалоци чекајќи го следниот меч. Жалам што не бев упорен и не го пресликав тој празник во Скопје.

Со што најмногу се гордеете во Скопје?

– Скопје е отворен-космополитски град. Секој кој дошол тука се чуствува убаво и пријателски ,па затоа и повеќето остануваат да живеат во него и стануваат скопјани. За голем дел стари скопјани не постои делба по верска и национална основа и тоа ме прави посебно горд.

Преголемо ли е Скопје за Вас, треба ли да расте или да се намали?

 Би сакал да е помало, но тоа не зависи од мојата желба. Скопје ќе расте се повеќе. Наша обврска е да го направиме пофункционално и поубаво. Би сакал да е почисто и уште позеленода нема автомобили по тротоаритеда има повеке спортски теренистази за рекреација и помалку крш од автомобили што испуштаат црн цад.

Што Ви недостасува во градот, а што би одзеле?

 Ми недостасуваат се помалку случајни средби со стари скопјани. Порано ќе излезеш кај Пелистер, ќе се видиш со многу пријатели и познаници и спонтано тоа видување и кафе-муабет ќе ти го разубави денот. Сообракајниот хаос и хаотичната градба во центарот на градот би ги одзел со задоволство.

Во какво Скопје сакате да живеете?

Ултра модернопред се сообраќајно: со кружна обиколница, метро, трамвај и повеќе надвозници и подвозници за да се избегне нервозното започнување и завршување на денот. Би било прекрасно кога обиколницата би била околу Скопје и така би можело многу брзо да се стигне било каде. Една година живеев и во Марсеј (кој не е поголем од Скопје) и има мало и практично метро. Би сакал да дозивеам да се повозам во скопското метро.

Претходна вест1.824.864 граѓани имаат право на глас на изборите
Следна вестГо пошумуваат Водно со згради наместо со дрвја, а ветуваа Скопје ќе биде зелен град