Градоначалникот Темелковски: Секогаш му помагам на Општинскиот Сојуз на Борци од НОБ, го негуваат партизанскиот непокор

 

Големиот празник на народното востание, 11 Октомври, денеска се одбележува ширум Македонија. Се посетуваат спомениците на хероите кои пред 80 – години почнаа македонска народно – ослободителната борба против фашистичкиот окупатор, се држат говори…

Со цел подиректно да се одбележи празникот градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, оствари и средба со претставниците на Сојузот на Борците од НОБ во оваа општина.

-Секогаш ми е драго кога се сретнувам со луѓе кои го негуваат духот на партизанскиот непокор почнат токму на овој ден пред осум децении. Секогаш им стојам на располагање и со радост им помогнам, а и Сојузот понатаму да делува, истакна градоначаликот Темелковски.

Поради досегашната дадена поддршка, Сојузот на Борци, му додели на градоначалникот – Благодарница.

Сепак, на сребата, пред се централна тема биле настаните и понатамошното ехо поврзани со Првиот прилепски партизански одред кој на 11 Октомври 1941 година го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп со што започна борбата за слобода во Македонија.

 

Претходна вестШилегов пушти пешачки мост преку Вардар – и прогласи победа над лажниот барок
Следна вестПријавен случај на силување малолетничка во Скопје, полицијата ќе истражува