Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска е отворен традиционалниот Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители.

Ова е традиционален меморијален спортски турнир мотивиран од благородната идеја за сеќавање на загинатите бранители припадници на МВР и МО.

Меморијалниот турнир е начин секоја година активно да се одбележи споменот на загинатите бранители, да се упати благодарност до нив и сочувство до семејствата на секој припадник на вооружените сили кој го положил својот живот на својата служба.

 

Претходна вестБритански пратеник убиен со нож на средба со граѓани, Лондон вели дека е тероризам
Следна вестСкопје викендов е домаќин Дијамантскиот куп на Светската бодибилдинг федерација