Скопје викендов е домаќин Дијамантскиот куп на Светската бодибилдинг федерација

Со настап на натпреварувачи од 15 европски држави викендов во Скопје се одржува Дијамантскиот куп на Светската бодибилдинг федерација (ИФББ).

Натпреварувачи од Македонија, Грција, Турција, Бугарија и други земји ќе се борат за медали, ранкинг поени и особено за Елит Про лиценци. Настанот во Скопје е голем предизвик и мотивација за голем број аматери да учествуваат на него.

По повод одржувањето на меѓународниот натпревар, IFBB DIAMOND CUP SKOPJE 2021, во Скопје како дел од официјалните лица допатува и Хозе Мариа Гарсија од Шпанија, Претседател на судиската комисија на Европската бодибилдинг и фитнес федерација (EBBF), кој воедно ќе биде и главен судија на настанот.

Гарсија беше гостин и во Олимпискиот комитет на Македонија каде на претседателот Даниел Димевски му додели златен медал и благодарница за несебична поддршка во развојот на бодибилдинг спортот.

Претходна вестМеморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
Следна вестИмав мотив повеќе со мајчиниот влашки јазик да станам и најдобра по македонски јазик