Британски пратеник убиен со нож на средба со граѓани, Лондон вели дека е тероризам

Британската полиција соопшти дека убиството врз пратеникот на Конзервативната партија, Дејвид Ејмс е терористички чин.

Првите наоди од истрагата укажуваат на потенцијална мотивација поврзана со исламистички екстремизам.

Ејмс беше убиен со нож додека разговараше со жителите во неговата изборна единица во Есекс.

25-годишник е уапсен на лице место под сомнение дека го извршил убиството, а полицијата соопшти дека не трага по други сторители. Извори од британската влада за Би-би-си велат дека уапсениот е со британска националност, но со сомалиско потекло.

Претходна вестОбвинителството ќе го следи изборниот процес и итно ќе постапува во случај на кривични дела
Следна вестМеморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители