„Зимски соништа“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонија што се одржува вечерва под диригентската палка на Конрад ван Алфен од Холандија. Дел од концертот, како солист е виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија.
„Зимска приказна“ е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор Чајковски со која го најавил својот богат оркестарски опус.
Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на „Би-Би-Си“ од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на „Би-Би-Си“.
-Конрад Ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат. Се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите, се вели во описот на Филхармонија.