„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада, ќе биде вечерва премиерно изведена во Младинскиот кулурен центар.
Оваа претстава е дел од циклусот на Ришард Ниечим под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“. Се игра во два чина, од кои првиот ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот женски глас.
Настапуваат Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и музички изведувач и автор на музиката.
Билетите се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 300 денари.