Зошто никогаш јавноста не разбра кои фабрики-загадувачи се казнети и дали платиле?

Еко активистите од „Зелен хуман град“ кои влегоа во советот на Град Скопје, тврдат дека во изминатите седум години ништо не е направено од страна на власта за да се намали и елиминира загадувањето на воздухот.

Во меѓувреме, локалната власт во заминување, и за време на кампањата и претходно, тврдеше дека скопјани дишат почист воздух. Сега веќе поранешниот градоначалник Петре Шилегов, повторуваше дека субвенционирале купување инвертери, вовеле нови автобуси на гас, и низа други мерки како „користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци“.

Секојдневните параметри на мерните станици не го покажуваат подобрувањето за кое зборува Шилегов. Новата гарнитура на власт во Скопје ќе има тешка задача. Дали ќе успее да го реши овој горчлив проблем?

Во меѓувреме фабриките загадувачи континуирно си чадат. И наутро и навечер, а особено се видливи и ги чувствуваат аеродромци. Зошто никогаш јавноста не дозна каков е тој инспекциски надзор против загадувачите за кој зборува Шилегов и зошто никогаш, во суми, не соопшти која од фабриките колку казни платила – ако воопшто платила како загадувач?

Претходна вест12 починати за 24 часа и 7 од претходно – има 568 нови заразени
Следна вестОффест годинава од 9 до 13 ноември