Оффест годинава од 9 до 13 ноември

Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи дваесеттото издание на Oффест.

Публиката ќе ужива во португалското дуо Лина и Раул Рефри, триото Широм (Словенија), во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал.

Биографиите на сите учесници се достапни на социјалните мрежи на Оффест. На истите места заинтересираните ќе можат да ги најдат и деталите за тоа како да стигнат до билет и кои се протоколите под кои годинава ќе се одржува традиционалниот фестивал.

Претходна вестЗошто никогаш јавноста не разбра кои фабрики-загадувачи се казнети и дали платиле?
Следна вестПретпладне облачно и магловито, попладне промена на времето