Убаво: Членови на „Левица“ купија и посадија 600 садници кај велешкото езеро

Во предизборието сите партии ветуваа дека ќе ја направат Македонија зелена оаза. Дури и ДУИ се самонарече зелена партија. Сепак Македонија ќе стане зелена кога ќе се пошумува помасовно, а во тоа пожелно е да учествуваат и партиите.

Денеска во тој правец тргнал локалниот огранок на „Левица“ во Велес кој организирал акција за пошумување на дел од опожарената површина во близина на езеро Младост.

-Се пошумија над 600 садници од кои 300 јасен и 300 аризонски чемпрес. Во акцијата учествуваа членови и симпатизери на Левица од Велес и Скопје. Ќе продолжиме и во иднина да организираме еколошки акции со цел Велес да биде позелен град, напишале на Фејсбук од велешкиот огранок на партијата.

Нивниот лидер, Димитар Апасиев сето тоа го прокоментира на социјалните мрежи:

– Левица не е салонска партија!, напиша Апасиев

Тој објасни дека дрвцата ги донираат нивните тамошни советници и членови на партијата плакајќи ги од свој џеб.

 

Претходна вестУапсен 21 годишен крадец од Скопје кој се барал со потерница
Следна вестКумановец пријавил подметнат пожар во неговата и куќата на татко му