Уапсен 21 годишен крадец од Скопје кој се барал со потерница

На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје, за кого била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.

Во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа „кражба“ и „тешка кражба“.

Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил „кражба“ од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот.

Делото „тешка кражба“ го извршил на 07.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходна вестСрбија меѓу првите во светот ќе го добие лекот против Ковид-19
Следна вестУбаво: Членови на „Левица“ купија и посадија 600 садници кај велешкото езеро