„Левица“ со кривична пријава за Шкодране Дардишта, предизвикувала омраза и нетрпеливост

Постоење основани сомневања за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ е основ врз кој политичката партија Левица денеска поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта која пред извесно време ја разбранува јавноста со споменување на своите чизми од војната во 2001 година.

– Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина, се наведува во пријавата на Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ и поранешна директорка предложена од ДУИ на заедничките служби на Клиничкиот центар во Скопје Шкодране Дардишта неодамна на социјалната мрежа Фејсбук објави статус кој предизвика бројни рекации во јавноста.

-Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напишаа таа на почетокот на ноември.

Во Левица бараат брзо процесуирање на случајот.

-Очекуваме  дека надлежното ОЈО – Скопје, сериозно и експедитивно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавената, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против дотичната, се наведуав во соопштението.

За ова кривично дело казниво по чл. 319, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од една до пет години.

Претходна вестМВР може да проверува дали сертификатите на гостите во кафеаните се оригинал или фалсификат
Следна вестКучињата лаат, карванот си минува – почна да се гради првата висококатница кај Холидеј Ин