Кумановец пријавил подметнат пожар во неговата и куќата на татко му

Кумановец со иницијали К.М. (24), околу 1 часот на 20 ноември, во полиција пријавил дека непознат сторител предизвикал пожар во неговата куќа и куќата на неговиот татко.

Како што информираат од МВР, пожарот бил изгаснат од сопствениците на куќите, а извршен бил и увид од екипа на СВР Куманово.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Претходна вестУбаво: Членови на „Левица“ купија и посадија 600 садници кај велешкото езеро
Следна вестГостиварец пронајден мртов со повреди на главата