Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани се седум починати лица како последица на ковид: три од Скопје (63г, 67г и 83г), две од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001, од кои 3.797 во Скопје.