Невиден ужас: Мајката ги продавала трите малолетни ќерки за сексуални услуги, таткото силувал една од нив

Мајка и татко, како и уште едно лице, завршиле во притвор бидејќи ги силувале и продавале своите малолетни ќерки, соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Таткото е првоосомничен за кривични дела родосквернавење и за трговија со дете, а мајката и третиот осомничен за продолжено кривично дело трговија со дете.

Според соопштението кое го објави обвинителството, тие имале шест деца од кои три малолетни ќерки. Таткото подолг период силувал едно од девојчињата, а мајката ја нудела за сексуални услуги на третоосомничениот за сума од 2.000 и 500 денари.

-Првоосомничениот, татко на шест деца, од кои на три малолетни девојчиња, искористувајќи исти прилики во подолг временски период извршувал обљуба со една од своите малолетни ќерка. Во исто време второосомничената злоупотребувајќи ја својата положба, како мајка на детето кое не наполнило 14 години, го подведувала девојчето да врши полови дејствија за паричен надомест со третоосомничениот. Таа му го носела девојчето на третоосомничениот, во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш од по 500 денари, ја принудувала да се соблекува и да има сексуални односи со него. Доколку детето – одбиело, мајката употребувала физичка сила, велат од Обвинителството.

Исто така, тврдат оттаму, таткото ја продал ќерката и на маж од Косово за 3 000 евра. Го однеле девојчето таму за да склучи присилен брак, а кога тоа дошло на гости, тој повторно ја силувал.

-По два месеци тоа дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот со оправдување дека било многу далеку не ја вратил во Косово и продолжил да врши обљуба врз својата малолетна ќерка, велат од Обвинителството.

Со кривичните дела за кои се товарат на мајката и таткото им се закануваат затворски казни од десет години, а на третоосомничениот 12 години.

Малолетните деца сега се згрижени од Центарот за социјални работи во Скопје.

Претходна вестСрбија ги замрзна цените на основните прехрамбени продукти во следните 60 дена
Следна вестСедум починати за 24 часа од ковид, 460 нови заразени