Бугарски експерти: „Струма“ не ги исполнува стандардите за автопат, но причина за жртвите е пожарот

Инспекцијата на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања каде што се случи автобуската трагедија во која загинаа 45 патници во автобусот на „Беса транс“ кој се запали, покажала дека пожарот е причина за жртвите, а на делницата се констатирани неколку отстапки, кои според бугарските експерти не биле главна причина за несреќата.

Историјата на автопатот „Струма“, каде што се случи автобуската несреќа во која загинаа 45 лица, почнува во 2002 година кога е одобрен техничкиот проект и е дадена градежна дозвола. Максималната дозволена брзина на движење која е поставена во 2007 година е 90 километри на час, а од некоја причина во 2013 границата е поместена на 120 километри на час.

Ова се дел од наодите што денеска ги презентираше министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, откако беше направена

Меѓутоа, според нејзините изјави, кревањето на границата за максималната брзина не е причина за несреќата.

Таа вели и дека површината на патот е во прилично добра состојба.

-Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус, вели Комитова.

Таа констатираше и дека обележувањето на патот не било целосно завршено, односно готова е само централната линија и има задоцнување од шест месеци во обележувањето.

Комитова исто така посочи дека оваа делница не може да биде автопат, додајќи дека има барања и стандарди кои не се видливи со голо око, кои овој пат не ги исполнува и не е доволно само патот да е широк.

Архитектот Влади Калинов се осврна токму на дозволената брзина, нагласувајќи дека таа требало да биде до 90 километри на час, но и дека претпоставка е оти автобусот не се движел бргу.

-Она што нè загрижува е што во самиот проект попречните свртувања на коловозот се нешто над четири отсто што значи дека брзината треба да биде 90 километри на час. При поголеми брзини возилата свртуваат налево, а во случајот автобусот тргнал надесно, што е предуслов да се претпостави дека автобусот се движел со мала брзина, рече Калинов.

Покрај тоа што ограничувањето на брзината не било соодветно, тој зборуваше и за заштитните огради т.н. „рибини опашки“ за кои рече дека е забрането да се користат во 2021 и оти ќе мора при реконструкција да се заменат со нови согласно новите стандарди.

Претходна вестСедум починати за 24 часа од ковид, 460 нови заразени
Следна вестУште 43 Авганистанци си заминаа од земјава