Уште 43 Авганистанци си заминаа од земјава

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Северна Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште, соопштија од Владата.

Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан.

Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации.

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Северна Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Претходна вестБугарски експерти: „Струма“ не ги исполнува стандардите за автопат, но причина за жртвите е пожарот
Следна вестВозовите се вратија во сообраќај – железничарите го добија делот од октомвриската плата