Четири месеци условна казна затвор за Бугаринот кој недолично коментраше за автобуската несреќа

Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија.

Против С.Б. беше покренато обвинение за „ширење омраза“, според кое на 23 ноември 2021 година околу 11 часот во група на социјална мрежа објавил содржина со која ширел омраза на „основа на национална и етничка припадност кон македонскиот етнос“. Тој кон објавената содржина прикачил и фотографија од опожарениот автобус на „Беса Транс“ на автопатот „Струма“.

Обвинетиот пред Судот го признал делото за кое се товари, по што е постигнат договор да му биде изречена условната казна. Согласно постигнатиот договор, казната е ефективна и обвинетиот нема право на жалба.

Несреќата на автобусот на „Беса Транс“, што патуваше на релација Истанбул – Скопје, се случи на 23 ноември во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени.

Претходна вестНе е добро тоа што цела Македонија е собрана во Скопје
Следна вестЗа 10 дена до Град Скопје стигнале над 200 пријави за проблеми – велат решиле над 160