Темен режим Режим на светлина

Вучиќ за Македонците: Го прифаќаме нивниот јазик и нација

Србија има добри односи со Македонија. Ова го истакна српскиот претседател, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк оценивајќи дека добрососедските осноси со Македонија мора да се негуваат. Сето ова е речено во пресрет на средбата „Отворен Балкан“ во Тирана.

-Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив, изјави Вучиќ во интервјуто.

Инаку, Претседателот Вучиќ рече дека иницијатива „Отворен Балкан“ ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал.

-Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото, рече Вучиќ.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ќе има ли одговор на петицијата - маските да не се задолжителни во училиштата?

Следна објава

Полицијата го пронајде украдениот автомобил на „Државни патишта“