За 10 дена до Град Скопје стигнале над 200 пријави за проблеми – велат решиле над 160

За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected], пристигнаале 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање, информираат денеска од Град Скопје.

Најголем број од поднесените барања на граѓаните се за решавање на проблеми од комунална хигиена, сообраќај, градскиот паркинг, пријави до инспекторатот на Град Скопје и информации за субвенции од градот.

На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа.

Претходна вестЧетири месеци условна казна затвор за Бугаринот кој недолично коментраше за автобуската несреќа
Следна вестГодишното обраќање на Пендаровски ќе биде в среда – можно е истиот ден Заев да поднесе оставка