Граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“ и „Зелен хуман град“ побараа Јавното обвинителство итно да постапи по иницијативата на Антикорупциската комисија за носењето ДУП спроти „Холидеј ин“ и да го заштити јавниот интерес.
-Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но за да ни го сервира Скопје 2021. Ако ова се спроведе што се планира, овој дел ќе биде најгусто населен регион во светот и крајно нехумани услови за живот. Тие луѓе кои велат дека се оштетени и живеат на тој дел можат да бидат обесштетени од државниот буџет, а Општината Центар е должна да ги усвои планот за суспензија на тој ДУП бидејќи во него се наведени сите аргументи поради кој тој план е спротивен на Генералниот план за Скопје. Таков план не смее да се спроведува, рече актуелната советничка во Град Скопје, Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ на денешниот протест.
Тие го посочија ставот на Антикорупциска дека она што почнува да се гради според ДКСК е нелегално. Постои сомнеж за злоупотреба на службената положба и сомнеж за корупција.