Адеми го напушта Динамо, се сели во Кина

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб. Тој и официјално го потпиша договорот со кинескиот клуб Пекинг Гуан кој на 20 март ќе стапи на сила.

Динамо ќе добие еден милион евра обесштетување, а Адеми во следните три сезони ќе заработи околу 50 милиони евра. Тој ќе го достигне максималниот износ што според кинеските правила може да го добие еден играч по сезона, а тоа се 1.650.000 евра.

Адеми ќе го одигра прошталниот меч за Динамо на 19 март на гостувањето во Ријека, а само ден подоцна, како што наложува договорот со Кина, нашиот репрезентативец ќе стане дел од тимот на Пекинг Гуан.

Претходна вестНад 100 милијарди долари изнесуваат штетите од земјотресот во Турција
Следна вестПотврдена дискриминација – Апасиев најавува „и едно тужбиче, гратис“ за Талат Џафери