Потврдена дискриминација – Апасиев најавува „и едно тужбиче, гратис“ за Талат Џафери

Претседателот на Собранието – Талат Џафери извршил директна дискриминација на Димитар Апасиев во постапката околу иницијативата за граѓански рефенрдум за „францускиот предлог“. Ова го утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапувајќи по претставката поднесена од лидерот на партијата Левица. Веста за ова ја објави Апасиев на својот профил на Фејсбук.

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дека претседателот на Собранието – Талат Џафери извршил диркетна дискриминација врз проф. Димитар Апасиев, во својство на иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „Француски предлог“. Комисијата смета дека подносителот Апасиев бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи, напиша во објавата Апасиев.

Во образложението на Антидискриминаторите се наведува дека дискриминацијата е извршена „врз основа на политичко уверување во областа на правосудството и управа“.

Апасиев, пак, синоќа на социјална мрежа Твитер најави и поднесување на тужба против претседателот на македонскиот парламент.

-Сеа и едно тужбиче, гратис, напиша тој напоредно со објавувањето на решението на Комисијата.

Претходна вестАдеми го напушта Динамо, се сели во Кина
Следна вестВчера возев низ Македонија, денес страв ме фаќа од дома да излезам