Oсум најдобри ученици од основните училишта во Општина Аеродром денеска добија пофалници „Најдобар ученик на генерација“ за учебната 2020/2021 година и еднократна парична награда во износ од 10 илјади денари.
Општина Аеродром соопшти дека осумтемина ученици изминатата учебна година беа прогласени за првенци на генерација, со што успешно го завршија образовниот процес во училиштата на територијата на општината и веќе го почнаа средношколското образование.
Наградени се учениците Ива Спасовска од ООУ „Љубен Лапе“, Кристијан Јакимов од ООУ „Браќа Миладиновци“, Тамара Ристовска од ООУ „Блаже Конески“, Јана Давидовска од ООУ „Гоце Делчев“, Сара Марковиќ од ООУ „Димитар Македонски“, Алексиј Тасиќ од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Миа Драгниќ од ООУ „Лазо Ангеловски“ и Ева Стојановска од ООУ „Александар Македонски“.
Општина Аеродром почна да доделува парични награди за првенците на генерација пред три години, со цел да се стимулира талентот на учениците и да се мотивираат за понатамошно надгардување и постигнување нови успеси.