Темен режим Режим на светлина

Заев: Бројките од пописот се за распределбата на средства, а не за нечии права

Пописот нема да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта на статистичката операција е да се знае колку граѓани има во Македонија, а колку се надвор, вели премиерот Зоран Заев.

Премиерот образложи дека Законот за употребата на јазиците и правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, бројот на резиденти или нерезиденти.

Тие податоци ќе се користат за креирање на економските, социјалните, културолошките и другите ресурсни политики, а не за политички отстапки.

Тоа го опиша вака: Ако се испразнило некое село и тука повеќе не живеат луѓе, парите ќе се пренасочат за развој на друго село или на градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава поради тендерот за водоводната мрежа на „Варшавска“

Следна објава

Аеродром парично ги награди првенците од школите во општината