Тромблонска мина најдена во двор во тетовско

На 21.09.2021 во 17:40 часот во СВР Тетово, седумдесет и шестгодишниот А.Ш. од тетовско Шемшово пријавил дека, вршејќи ископ во дворот од семејната куќа, пронашол тромблонска мина.

Извршен бил увид и било констатирано дека мината потекнува од 2001 година, по што била подигната и транспортирана од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходна вестАнтикорупциска: Дел од градоначалниците со пари од општините купуваат гориво за приватни возила за партиски активности
Следна вестПолициски претрес во куќа во Гевгелија, каде што се растурал и користел хероин