Денеска 16 починати од ковид и уште 6 од изминатата недела – 491 нови заразени, но и помалку тестирани

Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г), сите во болнички услови.

На вкупната бројка починати денеска ќе се додадат уште 6, кои според МЗ  починале  во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година.

Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево, на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

Од направени се 3.747 тестирања, регистрирани се 491 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486, од кои 5.709 во Скопје.

Претходна вестИ во учебниците ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор
Следна вестАнтикорупциска: Дел од градоначалниците со пари од општините купуваат гориво за приватни возила за партиски активности