Аеродромот во Тирана за два месеца го користеле над 10 илјади македонски државјани

Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 10 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

-Патувам за Абу Даби, во посета на мои блиски. Летот е директен исто како и за Дубаи, каде сум патувала претходно. Од Скопје не е така, вели дебранка, која не го крие задоволството и од услугата на вработените.

Официјалните податоци покажуваат дека овој аеродром се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во првите два месеци од годината, регистрирани се 42 илјади косовски и 20 илјади црногорски државјани.

-Под раководство на „Кастрати Груп“, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации, информираат аеродромските власти.

Претходна вестСообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Следна вестПочнува Велигденскиот пост во чест и спомен на Христовото Воскресение