Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието.
Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав.
Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, како предлагач, кажа дека Гаши е осум години односно три мандати пратеник и дека се работи за политичар кој не се споменува во случаи за корупција.
– Чест е за сите нас Собранието да го води ваков политичар, рече, меѓу другото, Меџити.
Претходно, беше избран составот на Комисијата за прашања за именувањата и изборите.