Темно Режим Светло Режим

Агресивни син и мајка приведени еден по друг во полициската станица во Карпош

Агресивно однесување и нарушување на јавниот ред и мир било причина за приведување на син и мајка во скопската полициска станица Карпош. Полицијата информира дека прво бил приведен 22-годишниот С.Л.

-Тој во 3.50 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Бледски договор“, бил под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници, се наведува во информцијата.

По ова во 6.10 часот во просториите на полициската станица Карпош дошла мајка му Л.Н.Е. (45).

Advertisement

-И таа го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче е поважно да статира во спотови на Заев отколку борбата со вирусот

Следниот Пост

Тешко повредено петгодишно девојче од ударот со мотор