АХВ: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛАНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.

Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.

Производител е АД ИМЛЕК, Индустријско населје бб,11231 Падинска Скела, Република Србија.

Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија.

-Крајните потрошувачи кои го имаат купено горенаведениот производ со посочениот сериски број/лот, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде го купиле, порачува АХВ.

 

Претходна вестИма ли лек за утринскиот шпиц од Аеродром кон Центар?
Следна вестЃоковиќ пак покажа дека е најдобар тенисер, а и бајаги заработи