Ѓоковиќ пак покажа дека е најдобар тенисер, а и бајаги заработи

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа на светот дека е најдобар тенисер во моментов. Тој победи на завршниот мастерс во Торино и го израмни рекордот на Роџер Федерер. Во финалето Ѓоковиќ го победи Каспер Руд со 7/5, 6/3 и по шести пат во кариерата го освои последниот турнир во годината.

Ѓоковиќ во Торино победи на сите свои натпревари, во групата славеше против Циципас, Рубљов и Медведев, во полуфиналето го победи Фриц, а во финалето Руд.

Освен победничкиот пехар тој заработи рекордна парична награда. За петте победи, Ѓоковиќ доби парична награда од 4.740.000 долари.

Ѓоковиќ во Торино освои и 1.500 поени и тој од понеделник ќе биде на петтата позиција на АТП-листата. Според многумина тој не е прв на листата само затоа што некои држави не му дозволија да влезе и да учествува на тамошните турнири. Мана му најдоа во тоа што не бил вакциниран.

 

Претходна вестАХВ: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот
Следна вестЕрдоган до Западот: Ќе платите неверојатна цена за политичката изолација на Русија