Ердоган до Западот: Ќе платите неверојатна цена за политичката изолација на Русија

Политичката изолација на Русија ќе доведе до сериозни последици за европските земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за телевизијата Расија 1.

-Цената ќе биде неверојатна. И таа цена главно ќе ја плати Европа, а заедно со неа и Полска, истакна претседателот.

Турскиот лидер претходно истакна дека Западот на чело со Соединетите Американски Држави ја напаѓа Русија без какви било ограничувања, поради што Москва мора да се спротивстави. Наведе и дека нејзините акции во Украина не се случајни, бидејќи им претходеле потези на НАТО.

Претходно претседателот на Турција кажа дека контактите меѓу шефовите на руската и американската разузнавачка служба во Турција одиграле клучна улога во спречување на неконтролирана ситуација на теренот.

Претходна вестЃоковиќ пак покажа дека е најдобар тенисер, а и бајаги заработи
Следна вестТетовчанка со скршена нога и повредена рака по нападот на кучиња скитници