Аки Рахимовски ќе добие улица во централниот дел на Скопје

Една улица во централното градско подрачје ќе биде именувана по Аки Рахимовски легендарниот пејач на „Парни ваљак“. Ова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го најави скопската градоначалничка.

ницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, напиша во објавата Арсовска.

Рахимовски вчера попладне беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб во ковчегот кој беше прекриен со македонското знаме.

Претходна вестНеколку скопски улици денеска ќе бидат без струја и вода
Следна вестКазнети 207 возачи во Скопје, 104 за недавање предност на пешаци