Неколку скопски улици денеска ќе бидат без струја и вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН соошти дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе бидат дел од улиците „Козле”, „Миле Поп Јорданов” и „Стогово”, од 10 до 13 часот улицата „Јуриј Гагарин” бр.28-6, од 8 до 12 часот, корисниците од дел од улица „Црвена Вода” во Општина Карпош и од 8 до 11:30 часот, дел од село Добри Дол во Општина Сопиште.

Поради уличен дефект ф-80 мм на улицата „Партениј Зографски” 62 , без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.

Претходна вестПендаровски овој пат ќе има средба со Македонците од Бугарија
Следна вестАки Рахимовски ќе добие улица во централниот дел на Скопје