Темен режим Режим на светлина

Може ли Македонија и понатаму да издржи скапи апанажи?

Нема пари за нови болници, улици, градинки…, нема пари да се реновираат многу важни установи, но пари за функционерите секогаш се наоѓаат. Ова е најсликовитиот сублимат од многуте реакции на граѓаните во Македонија низ годините. Сега таквите реакции се уште позачестени откако фисоки функционери си побараа апанажи по со годините кога земаа високи државни плати, ама сега заминуваат од позициите.

Може ли Македонија да го издржи овој скап надомест и понатаму? Зарем функционерите не се свесни во која состојба е државната каса па самите да се откажат од можноста за апанажа?

Десетина поранешни пратеници и функционери побараа и натаму да примаат исти плати во наредниве од три до дванаесет месеци, без да работат ништо. Таквите барања до надлежните собраниски служби веќе се доставени од поранешните министри Радмила Шекеринска, Мила Царовска и Никола Димитров кои 12 месеци ќе добиваат пари на сметка, а во наредните девет месеци, од поранешниот владин состав ќе земаат плата и Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани. Конечната бројка, до истекот на рокот за поднесување сигурно ќе биде и поголема. А колку ќе биде голема свотата која ќе треба да се издвојува…

Иако се работи за надомест кој е предвиден со закон, прашањето на исплатата на апанажите за поранешните функционери ја има и моралната дилема. Таа е во следното: зошто некој функционер и натаму би продолжил да прима плата во ситуација кога не работи ништо? Навистина е голема моралната дилема и дали апанажата треба да ја бараат и таа да мора да им се исплаќа на функционери кои во свои имотни листови покажале дека имаат имоти тешки со милионски суми?

Тоа беше и причината што политичката партија Левица побара укинување на оваа привилегија на поранешните функционери.

На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот. Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50 отсто од просечната нето – плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин, порачаа од партијата.

Од останатите партии за ова прашање вледее молк. Тоа како да укажува дека нема подготвеност да се пристапи кон потребното укинување на оваа функционерска привилегија. Не се сака ниту расправа за идеите како на поинаков начин да се „згрижуваат“ функционерите, меѓу кои беше актуелна таа да бидат вработувани во државни служби. А и тоа е пак спорно…

Излегува дека граѓаните и натаму скапо ќе плаќаат нечие функционерство дури и кога ќе заврши. Ќе беше полесно ако барем додека беа на раководни места – направеа нешто за подобра и побогата Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казнети 207 возачи во Скопје, 104 за недавање предност на пешаци

Следна објава

Конечно го поправиле дефектот на базенот во Карпош, а кога ќе прават нови?